СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЗАГРЕБ И САМОБОР

0

     Во рамките на активностите поврзани со почетокот на имплементацијата на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ претставник на ЦЕРИ заедно со претставниците од партнерските организации Зелена сила (Велес) ЕХО (Штип), Здружение за локален и рурален развој (Тетово), Бујрум (Куманово) , Локална развојна агенција (Струга) и носителот на проектот Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје во периодот 10.02 – 13.02 2014 остварија посета на повеќе организации и институции во Загреб и Самобор со цел размена на искуствата во имплементација на проектот ЛОТОС во Хрватска. Во Македонската делегација покрај претставниците од невладиниот сектор учествуваа и претставници од ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа кои ќе учествуваат во имплементацијата на овој проект.

Share.

Comments are closed.