ТИМ

            М-р Диоген Хаџи-Коста Милевски е роден на 2.03.1980 година во Битола. Во.2004 – Дипломирал на Правниот факултет “Јустиниан Први” Скопје на отсекот за политички студии . Со титулата Магистер на науки од областа на јавните политики на науки по се стекнува на постдипломски-те студии по Јавна Администрација при Универзитетот “Св. Климент Охридски ” Битола во.2011. Својата академска кариера ја зпочнаува во 2006 како демонстратор на ИДАС по Јавна Администрација при Универзитетот “Св. Климент Охридски ” Битола. Во моментот е вработен како асистент на Правниот факултет при Универзите- тот “Св. Климент Охридски ” Битола во Кичево.


елена2              М-р Елена Петровкска е родена во Битола, Р. Македонија но со чувство на граѓанка на светот. Следејќи ја својата потреба за движење и осознавање, своето формално образование го завршува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Уште како студентка започнува со научна работа и истражување во повеќе области од туризмолошката наука, и во 2013 година се стекнува со титула Магистерка по туризам, со потесно истражувачко подрачје во областа на развојот на еко туризмот. Целосно пронаоѓајќи ја својата цел и страст во туризмот, константно работи на развојот на туризмот на различни работни позиции, од развој на дестинации па се до употреба и усовршување на своите знаења во бизнис секторот.Својот светоглед и поривот по нови научни знаења ја водат во Словенија каде како стипендистка на Европската Унија ги привршува своите втори магистерски студии на факултетот за Економија и бизнис во Марибор, каде интересот за истражување е фокусиран во подрачјето на маркетинг услугите, односно дизајнот на услуги и развојот на креативниот туризам. Покрај научната работа и професионалните ангажмани, својот допринес постојано го дава и во голем број невладини организации како волонтерка, притоа проширувајќи ги своите интереси и помагајќи во остварувањето на различни проекти и идеи. CV-Petrovska-Elena-eng


Lenka - slika         М-р Ленка Солеска – Василевска е активно вклучена во граѓанскиот сектор повеќе од 5 год. Започнува да волонтира во Бизнис Инкубаторот во Битола, а потоа се приклучува во повеќе локални и интернационални граѓански здруженија како проектен координатор. Во 2009 е еден од основачите на Центарот за европски развој и интеграција. Од 2011, па се до денес започнува да работи и во приватен сектор, но секогаш останува доследно вклучена во граѓанските активности. Во 2012 год. магистрира на тема принципи на добро управување и истата година основа и Здружение за заштита на правата на жените. Во областа на граѓанските здруженија има сповердено повеќе научни истражувања, водење на фокус групи,теренски анкети, евалуации и креирање на модули за обуки. Себеси се опишува како вечен волонтер, секогаш истражувач и учесник на хуманитарни акции.


Александар недановски           Александар Недановски е дипломец на студиската програма за Европски интеграции и менаџирање со европски проекти.  Активно е вклучен во голем број на проекти и активности кои ги реализира ЦЕРИ од почетокот на 2012 па наваму. Со својата посветеност, одговорност и тимски дух тој е еден од движечките запчаници на ЦЕРИ.  Како асистент во реализацијата на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА и координатор на алумни групата на ПОЛИТЕА. Aктвно е вклучен во процесот на едукација на младите и афирмацијата на Европските вредности.