fbpx

ЛОТОС – ЛОКАЛНА, ОТЧЕТНА, ТРАНСПАРЕНТНА И ОДГОВОРНА САМОУПРАВА

[rev_slider LOTOS]

      Со почетокот на годинава, Центарот за Европски развој и интеграција од Битола започна со имплементација на ЕУ финансиран проект „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво (ЛОТОС)“, чија основна задача е да спроведе истражување за одговорноста, транспарентноста и отчетноста на локалните самоуправи. Главната цел на проектот е да се промовираат и поттикнат практиките за мониторинг на антикоруптивни практики и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој. Истражувањето ќе опфати 43 општини во Република Македонија, а ќе финализира со анализа на процедурите и добрите практики во областите транспарентност, партиципативност, соработка со граѓански организации, одговорност и отчетност, како и со соодветно рангирање на општините согласно нивото на развиеност во овие области. Тоа се всушност клучните подрачја за понатамошен развој на демократијата и вклучувањето на граѓаните во политичкиот живот на локалните заедници.Стратешки партнери во рамките на овој проект се Државната агенција за спречување на корупција и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

LOTOS NFO FLAER

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *