fbpx

КАКО СЕ ШТИТАТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО ЕУ

       Центарот за Европски Развој и Интеграција од Битола,во соработка со Центарот за култура организира работилница на тема „Како се штитат човековите права во ЕУ “
Цел на работилницата е презентација на улогата и позицијата на Европскиот суд за човекови права во правниот систем на ЕУ и начинот и ситуациите во кои граѓаните на Р.Македонија може да побараат заштита од овој суд .
Предавач на работилницата беше Дарко Павловски- правник во Европски суд за човекови права во Стразбур.