fbpx

ЦВЕТ ПО ЦВЕТ ДО ПОУБАВ СВЕТ

Учесниците на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА со поддршка на ЦЕРИ, ЕГТ  и СУМНАЛ организираа хуманитарно – едукативна забава под мотото „ЦВЕТ ПО ЦВЕТ ДО ПОУБАВ СВЕТ“.  Настанот  се одржа на 19 ти Април, во кафе барот Porta Jazz. Од 11:30 до 12:00 се одржа  проекција на неколку кратки анимирани едукативни филмови за Планетата Земја., а од 12:30 до 13:30  присутните на настанот имаа можност за дружење и учење низ игра со кловнот ЗАГИ.Овој настан се организира со цел да се одбележи Денот на планетата Земја 22-ри Април , но покрај едукативниот и забавен карактер овај настан има и хуманитарна цел. Целта на оваа акција беше да собере потрошен учлишен материјали за потребите на Центарот за ран детски развој Битола. Граѓаните на Битола и учесниците на ПОЛИТЕА донираа најразлични материјали, како: водени и дрвени боици, фломастери, пластелин, самолеплива хартија и сл. и со оваа акција беа прибрани матерјали во вредност од над 8.000 ден. За секоја донација беше граѓаните кои донираа добија по еден цвет од рециклирана платика.  Учесниците на школата ПОЛИТЕА се вклучија во органзирањето на овој настан со цел да ја поддржат работата на Центарот за ран детски развој од Битола , за во иднина што повеќе деца да имаат можност да се едуцират уште од предшколската возраст.