fbpx

СВЕЧЕНА ПРВА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

????????????????????????????????????Околу 35 учесници, млади лица на возраст од 18 до 26 години со различни профили на формално образование, ќе бидат првата генерација на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА која се одржува во Битола која е организирана од Центарот за европски развој и интеграција.

Целта на школата е  младите  луѓе преку размена на ставови,мислења и искуства да понудат креативни решенија за проблемите со кои се соочуваат и да се стекнат со знаења кои не биле опфатени со формалното образование

Школата се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од два часа. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

ПОЛИТЕА е пионерски пример на локално ниво, кој на младите ќе им создаде форум за дискусија и дебата преку кој ќе се понуат решенија и препораки за политики кои ќе придонесат во реформа и подобрување на условиите за живот и шансите за просперитет на младите на локално ниво,а потоа можеби и на нациоано ниво.

Креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво, влијанието на институциите и политиките на Европска Унија врз политичкиот систем на Македонија, предизвиците за човековите права во 21-от век, маркетинг и интернет маркетинг, управување со граѓански организации се дел од темите на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.

????????????????????????????????????????????????????????????????????????