ИЗЛОЖБА  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2015“.

          Центарот за Eвропски развој и интеграција и оваа година со поддршка на Општина Битола во рамките на БИТ-ФЕСТ 2015 ја реализира изложбата со  “Љубов од Битола 2015“.  Оваа година на конкурсот се пријавија 27 автори со повеќе од 70 фотографии од кои стручното жири во состав: Коста Дупчинов – претседател на фото-кино клубот Битола, м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски претседател на ЦЕРИ Битола и Виктор Налевски добитник на награди на фото конкурсите Со љубов од Битола 2013 и 2014 направија селекција на 30 фотографии кои станаа дел од Изложбата со Љубов Од Битола 2015. Во рамките на натпреварувачкиот дел беа доделени три награди и пофалници на вкупно пет учесници. Пофалници им беа доделени на Емилија Трајковска и Марија Цветанвска како најмлади учесици на конкурсот.

Третата награда ја освои Татјана Димитриевска за својата фотографија – ПРОШЕТКА
Втора награда му беше доделена на Игор Војновски за фотографијата БИТОЛА НА ТОЧАК
Додека првото место и наградата од 2000 денари и беше доелена на Ивона Кочов за фотографијата ГОЛА ВИСТИНА

На свеченото отварање на изложбата кое се одржа на 28.07.2015 во кафе-барот ПОРТА ЏЕЗ присуствуваа повеќе од 200 гости на кои има се обратија претставниците на ЦЕРИ и Општина Битола. Изложбата ќе биде поставена до 06.08.2015 и неа покрај гостите намерници ќе имаат можност да ја видат и сите случајни посетители на локалот.

 

 

 

Share.

Comments are closed.