Browsing: ЛОТОС МК 2014


Со почетокот на 2014, , Центар за Европски развој и интеграција (ЦЕРИ) од Битола во соработка со Центарот за истра-жување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје започна со имплементација на ЕУ финансиран проект „Размена на најдобрите ЕУ практики ЕУ за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво (ЛОТОС)“, чија основна задача е да спроведе истражување за одговорноста, транспарентноста и отчетноста на локалните самоуправи. Главната цел на проектот е да се промовираат и поттикнат практиките за мониторинг на антикоруптивни практики и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој. Истражувањето ќе опфати 43 општини во Република Македонија, а ќе финализира со анализа на процедурите и добрите практики во областите транспарентност, партиципативност, соработка со граѓански организации, одговорност и отчетност, како и со соодветно рангирање на општините согласно нивото на развиеност во овие области. Тоа се всушност клучните подрачја за понатамошен развој на демократијата и вклучувањето на граѓаните во политичкиот живот на локалните заедници, а во Република Македонија досега не било спроведено ниту едно структурирано истражување, во кое биле опфатени овие аспекти. Стратешки партнери во рамките на овој проект се Државната агенција за спречување на корупција и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.