Browsing: ПОЛИТЕА 2016

ПОЛИТЕА 2016-2017  e визуелно сведоштво за несебичната посветеност на предавачите и учесниците на третата генерација на ПОЛИТЕА кон идејата за создавање на подобро општество кое на младите им нуди можност за просперитет и напредок во сопствената татoквина. https://youtu.be/YFBxxJB7xgs?t=5

Петнаесеттата сесија на ПОЛИТЕА се одржа на 16.03.2017 и носеше наслов – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО.  Оваа сесија го означи почетокот на четвртиот модул ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ. Слушателите имаа можност да го проследат предавањето на Д-р Моника Марковска, професор на Факултетот за информациски и комуникациски технологии и еден од пионерите на воведување на претприемништвото како дел од формалното образование. На предавањето учесниците се запознаа со основните принципи на претприемништвото и профилот на личност на  претприемачот , но и врската помеѓу претприемништвото и иноваците како основен двигател на секоја претприемнички потфат . Претприемачот треба да има познавање од основните принципи на…

Четиринаесеттата  сесоја на ПОЛИТЕА  се одржa на 09.03.2017  во Хотел Театар и беше замислена како критичка дискусија во контекст на  8-ми Март -Меѓународниот ден на жената. Сесијата го носеше насловот: –  ДАЛИ ЖЕНСКИТЕ ПРАВА СЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА?: помеѓу дискурсот на „модерни“ жени и „очајни“ домаќинки.  На оваа  сесија гостин предавач и модератор беше д-р Ангелина Станојоска професор на Правниот факултет и истакната активистка и борец за женските права.  Во првиот дел од сесијата преку анализа на клучните  човекови права кои се составен дел од позитивноправниот систем присутните имаа можност да се запознаат со сфаќањата за рамноправност на жената со мажот.…

Тринаесеттата сесија на ПОЛИТЕА со наслов РАДИОТО КАКО МЕДИУМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ се одржа на 01.03.2017 во Хотел Театар. Гостин предавач на оваа сесија беше м-р Соња Тантарова Груевска – Уредник на УКЛО ФМ и новинар со повеќе од 20 години искуство во радио етерот. Во првиот дел од сесијата гостинката го сподели своеите искуства и погледи за радио новинарството од своите денови во сега веќе згаснатотиот медиум Радио Битола но и искуствата како уредник во УКЛО ФМ кое е присутно во етерот повеќе од 6 години. Преку оваа сесија беше направена компаративна анализа со останатите медиуми , пред се со…

На 22.02.2017 се одржа  дванаесеттата сесија на ПОЛИТЕА.  Овој пат учесниците имаа несекојдневна можност да ги посетат просториите на Телевизија Орбис –Битола и таму да ја проследат сесијата која имаше наслов Принципи на објективно информирање. Домаќини предавачи на оваа сесија беа новинарите од информативните емисии на Телевизија Орбис , Методија Куновски, новинар и главен и одговорен уредник , Емилија Сарафска, новинар и Павлина Јовановска, новинар. На сесијата се проговори за состојбата во македоското новинарство, добри и лоши примери, принципите според кои една вест е објективна и колку и на кој начин новинарите се имуни или не на притисоци од надворешната средина.…

Вториот семестар  на ПОЛИТЕА започна со единаесеттата сесија која се одржа на 16.02.2017 во Хотел Театар.  Оваа сесија беше вовед во третиот модул МЕДИУМИ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ. Гостин  предавач на сесијата беше  Маја Богоевска, дипломиран новинар со децениско искуство во полето на медиуми и сегашен уредник во порталот Шеталиште. Во првиот дел на сесијата учесниците на Политеа имаа можност да се запознаат со кариерниот развој на гостинката како и за нејзините искуства во медиумите во Битола. Клучната тема на дискусијата која се разви во вториот дел на сесијата беше интернет новинарството и како on-line порталите го променија традиционалниот начин…

                Десеттата сесија на ПОЛИТЕА  беше посветена на Граѓанскиот активизам во ПОЛИТЕА.  Сесијата ја реализираа алумните од првата и втората генерација на ПОЛИТЕА: Елена Милошевска, м-р Горан Димовски, м-р Наташа Стојановска и Викторија Михајловска.                 Сесијата ја отвори Елена Милошевска која преку своето излагање од психолошки аспект го анализира активизмот и мотивацијата за позитивни промени која треба да биде цел на секој лидер. Во останатиот дел од сесијата преку излагањата на Горан, Наташа и Викторија учесниците на сесијат имаа можност да бидат дел од  ретроспектива на хуманитарните акции кои учесниците на ПОЛИТЕА ги реализираа во 2014, 2015 и 2016 година.…

Модулот Граѓански активизам  и граѓанско учество на деветтата сесија беше збогатен со несекојдневната можност на учесниците да се запознаат одблиску со личното искуство на оваа тема на предавачот , м-р Филип Јовановски,  визуелен уметник и граѓански активист. Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје. Од 2007-ма година, М-р Филип Јовановски  е уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола, исто така член и еден е од основачите на Иницијативата Кооперација (2012), ЈАДРО (2012) – асоцијација на независната културна сцена, како и неколку други неформални граѓански и активистички иницијативи. Ако со еден збор би ја…

           На 01 декември 2016-та година се одржа осмата сесија на Политеа насловена како „Еко – активизам – граѓански активизам или борба за живот?“. Оваа сесија е втора сесисија од вториот модул „Граѓанско учество и граѓански активизам.          Како предавач на оваа сесија имавме можност да го слушнеме Игор Смилев кој е граѓански активист и борец за здрава животна средина. Како претседател на еколошката групација „Грин пауер“ која беше создадена со една единствена цел – да го запре рестартирањето на топилницата во Велес, тој станува дел од Зелената коалиција која ќе ја добие…

Вториот модул на ПОЛИТЕА , Граѓанско учество и граѓански активизам,  започна со седмата сесија насловена „СОПСТВЕНИОТ ПРЕДИЗВИК – НАЧИН ЗА ОПШТЕСТВЕНО ДЕЛУВАЊЕ“ Предавач на оваа сесија беше Софија Бејковска Чачоровска, професорка по класични јазици, граѓански активист и пример како гласот на секоја индивидуа може да одекне во општеството.  Таа со својот несекојдневен подвиг да се преплива Охридското езеро на дистанца од 30 километри како аматерски пливач покажа дека сопствениот предизвик може да биде и толку гласен да укаже на проблемите во заедницата. Сесијата беше интерактивна и учесниците имаа можност да продискутираат што за нив претставува граѓански активизам во онаа форма…

1 2