fbpx

Browsing: ПОЛИТЕА 2016

ИНКЛУЗИВНОСТ И СОРАБОТКА ВО КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ НА ЛОКАЛНО И ЕВРОПСКО НИВО е насловот на петтата сесија на ПОЛИТЕА што се одржа на 10.11.2016 година. Учесниците имаа можност да го проследат предавањето на М-р Ивана Димитровска , директорка на канцеларијата на АЛДА во Скопје. Во првиот дел од предавањето учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да чујат повеќе за организацијата АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија, која претставува   европска мрежа на повеќе од 250 локални власти и организации од 35 земји во Европа и соседството. АЛДА има своја подружница во Македонија од 2008 година Формално е создадена од Советот…

Четвртата сесија воедно втора од првиот модул Јавни политики и јавен интерес со наслов ЦИКЛУСОТ НА КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И НИВНАТА ЗАВИСНОСТ ОД ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ се одржа на 03.11.2016. Учесниците имаа можност да го слушнат предавањето на м-р Диоген Хаџи Коста Милевски асистент при Правниот факултет Кичево и изврштен директор на граѓанската организација Центар за европски развој и интеграција од Битола. Во теоретскиот дел на сесијата учесниците имаа можност преку јасни и конкретни насоки да се запознаат со поимот на јавна политика и да го препознаат во секојдневното живеење.  Споменати беа креаторите на јавните политики и начинот на кој…

              Третата сесија го означи почетокот на реализација на маодулот ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВЕН ИНТЕРЕС ,првиот од четирите предвидени модули во рамките на третата генерација на ПОЛИТЕА                 Eден од најбитните предуслови за успех е можноста да се согледа  големата слика односно како надворешната околина која не зависи од нашите постапки може да влијае врз поставените цели и на кој начин ќе се справуваме со кризите кои може да бидат очекувани но и неочекуваНИ. Токму ова учесниците на третата сесија на ПОЛИТЕА која се одржа на 26.10.2016…

На 20.10.2016 се одржа втората сесија на ПОЛИТЕА со наслов – ПЕРСОНАЛНО СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ: КАКО ДА ГО ДИЗАЈНИРАТЕ ВАШИОТ УСПЕХ. Д-р Моника Ангелоска-Дичовска, доцент на Економскиот факултет во Прилеп беше предавач на оваа сесија и ги мотивираше учесниците да размислуваат за сопствениот успех. Сесијата вклучуваше  два дела,  теоретски и практичен.  Преку теоретскиот дел учесниците се запознаа со основите и чекорите на персоналното стратегиско планирање, слушнаа мотивирачки  примери за персонален успех од најразлични области и се запознаа со алатки за само анализа , креирање на сопствени цели и дизајнирање на сопствена книга на соништа. Практичниот дел се состоеше од вежба со…

Со првата свечена сесија се одбележа почетокот на активностите со третата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.   Школата ќе се реализира во периодот од  13.10.2016 –27.04.2017 и ќе се состои 20 сесии организирани во четири тематски модули,кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа. Честа да ја отвори првата свечена сесија ја имаше  г-нот Златко Неделковски основач и ментор на академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО од Битола. Како вистински лидер и симбол на позитивните вредности кон кои треба да се стреми секој млад човек,  г-нот Златко црпејќи примери од своето 45 годишно…

Центарот за европски развој  интеграција објавува повик за учество во третата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА. Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 28 години од подрачјето на Општина Битола. Школата ќе се реализира во периодот од  15.10.2016 – 15.04.2017 и ќе се состои од четири тематски модули, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа. Преку учеството во  школата  учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини во областите на: Јавна политика и јавен интерес Граѓански активизам и граѓанско учество Медиуми и јавно информирање Претприемништво…