Гостин предавач на четиринаесеттата сесија на ПОЛИТЕА беше м-р Ана Блажеска – Државен Секретар во Секретаријатот за Европски Прашања. Насловот на сесијата беше „Европски перспективи за личен, професионален и кариерен развој“. Во  првиот дел на сесијата учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со кариерниот развој на гостинката и искуствата кои и помогнале во градењето на кариерата. Учесниците на ПОЛИТЕА добија корисни совети за можностите кои ги отвара усовршувањето во странство, како и предностите кои ги создава вмрежувањето во процесот на реализација на професионалните и кариерните планови.

Вториот дел на сесијата беше посветен на Евро-интеграциските процеси на Република Македонија и улогата која во тој процес ја има  Секретаријатот за Европски Прашања. Учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со методологијата за превземање и спроведување на европските норми и улогата која Секретаријатот за Европски Прашања ја има во процесот на распределба на средствата кои на Република Македонија и стојат на располагање преку програмите за поддршка во развојот од Европската Унија.

Исто така во еден дел дискусијата се осврна на актуелната бегалска криза и позицијата на Македонија како земја на „Балканската рута“ која не е членка на Европската Унија, но во координација со останатите држави имплементира политики кои се креираат на Европско ниво.

 

Share.

Comments are closed.