ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТЕА – ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

0

   

Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во четвртата генерација на школата за лидерство и кариерен развој  ПОЛИТЕА. Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 17 до 27 години од подрачјето на Општина Битола.
Активностите во рамките на школата ќе се реализираат во периодот од  15.10.2017 – 15.05.2018 а едукативниот дел ќе се состои од 12 сесии групирани во 4 модули

 

      Секоја од сесиите ќе биде во траење од два часа, и како и изминатите три години предавачи и обучувачи ќе бидат истакнати личности од академскта заедница и од приватниот и јавниот сектор. Во школата учество ќе може да земат 35 кандидати, а селекцијата на кандидатите ќе се реализира преку два конкурсни рокови.

   Заинтересираните кандидати треба да пополнат и испратат ПРИЈАВА и кратка биографија на адресата cedi.mk@gmail.com  со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ВТОР КОНКУРС ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 01.10.2017. По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

   Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. Избраните кандидати ќе треба да уплатат партиципација во вкупен износ од 1200 ден. распределена во две рати од 600 ден. пред почетокот на секој од семестрите на школата. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

За сите дополнителни информации контактирајте не на  cedi.mk@gmail.com или на нашата фејсбук страна  https://www.facebook.com/CEDImk/

Share.

Comments are closed.