Четвртата сесија со наслов НАЧИНИ НА ПЛАНИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО се одржа на 08.11.2017

Предавач на оваа сесија беше м-р Наташа Чавдаровска , претседател на ФОРУМ 16 – Битола истакнат младински работник со повеќегодишно искуствво во работата со млади.

На сесијата низ интерактивни вежби, примери и дискусија учесниците имаа можност да научат  како да го планираат времето за своите активности . Составен дел од сесијата беше и едукацијата  како да се поставуваат цели и приоритети и како истите да се инкорпорираат во насока на сопствен развој.

Преку примерите од нејзинот искуство Наташа им објасни на учесниците зошто младите кои ги поседуваат овие  вештини имаат поглема веројатност да се вклучат во позитивни, конструктивни процеси и да избегнат негативни, деструктивни однесувања.

Во завршниот дел на сесијата учесниците се запознаа со софтверски решеннија и апликации кои може да ги користат во процесот на планирање и организирање на времето и активностите.

Share.

Comments are closed.