Четвртата сесија воедно втора од првиот модул Јавни политики и јавен интерес со наслов ЦИКЛУСОТ НА КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И НИВНАТА ЗАВИСНОСТ ОД ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ се одржа на 03.11.2016.

Учесниците имаа можност да го слушнат предавањето на м-р Диоген Хаџи Коста Милевски асистент при Правниот факултет Кичево и изврштен директор на граѓанската организација Центар за европски развој и интеграција од Битола.

Во теоретскиот дел на сесијата учесниците имаа можност преку јасни и конкретни насоки да се запознаат со поимот на јавна политика и да го препознаат во секојдневното живеење.  Споменати беа креаторите на јавните политики и начинот на кој јавната политика е одговор на јавниот интерес.  Потоа учесниците имаа можност да се запознаат со циклусот на креирање на јавни политики и што всушност секој негов чекор содржи со констатација дека последниот чекор значи нов почеток.

Во дискусијата која се отвори во вториот дел на сесијата се наметна прашањето какви се предизвиците во Република Македонија во процесот на креирање на јавни политики и дали процесот ги следи споменатите чекори.

Преку практична вежба учесниците имаа можност да генерираат листи на проблеми кои би можеле да бидат во фокусот на идната влада во Р.Македонија и основа за креирање на јавни политики.

photo by Viktor Rikaloski

Share.

Comments are closed.