Десеттата сесија на ПОЛИТЕА го носеше насловот “Принципи на објективното новинарство“ . Предавач на оваа сесија беше г-нот Методија Куновски главен уредник во Телевизија Орбис Битола.

Во рамките на сесијата учесниците на втората генерација на ПОЛИТЕА и алумните од првата генерација имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на еден тлевизиски медиум, процесот на прибирање,обработка и презентирање на информациите и начинот на нивна трансформација во вест. Дискусијата која се отвори во рамките на сесијата се осврна на клучните теми кои се во фокусот на македонската јавност и притоа  учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со принципите на објективното новинарство, етичките и моралните норми при креирање на вестите. како и опкружувањето во кое функционираат медиумите во Р. Македонија. Предмет на дикуија беа и  предизвиците со кои се соочуваат новинарите во својата професија и лидерството кое е неопходна карактеристика која мора да ја поседува секој кој се труди да го застапува јавниот нтерес.

Оваа сесија се  реализира во новите ексклузивни просториите на Телевизија Орбис кои функционираат како едукативниот комплекс. По завршувњето на формалниот дел на сесијата учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да го посетат студиото од кое се емитува програмата на ТВ Орбис и преку разговор со г-нот Метоија Куновски да се запознаат со техничките аспекти на функционирањето на телевизијата.

Share.

Comments are closed.