fbpx

ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Деветнаесеттата сесија на ПОЛИТЕА се реализира под насловот „Телевизијата помеѓу бизнисот и јавниот интерес“ , а наш гостини предавач беше Љубица Ангелкова – Манговска, програмски директор на ТВ ТЕРА.

Учесниците на ПОЛИТЕА  на оваа сесија имаа можност од еден поинаков агол да се запознаат со развојот на медиумскиот простор во Македонија од самите негови почетоци во 90-тите, менаџирањето со регионален медиум, како и одговорноста што со себе ја носи креирањето на вестите и информирањето на јавноста.

Преку споделеното животно и професионално искуство на гостинката учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се стекнат со еден оргинален увид во предизвиците кои со себе ги носи управувањето со медиум во општество кое учи демократија.