На оваа сесија на ПОЛИТЕА гостин предавач беше Ангела Христовска директор на маркетинг агенцијата EYECON Media и движечката сила на брендот MY CREATIVЕ TEAM.

„Дизајнирајте го својот успех“ беше мотото под кое се реализира сесијата во која преку провокација на креативниот потенцијал на слушателите на ПОИТЕА беа разработени основните чекори за планирање на кариерниот развој и градењето на визијата за себе.

Анализирајќи ги изворите на креативноста и начините за нивно развивање и искористување слушателите на ПОЛИТЕА имаа можност од еден поинаков аспект да се запознаат со процесот на градењето на визија за работите кои секој од нас ги чувствува како свој приоритет.

Share.

Comments are closed.