hederЦентарот за европски развој и интеграција  на 03.11.2016 започна со реализацијата на проектот  ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ПРЕКУ ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВ.

Главна цел  на преоктот кој ќе се реализира преку два семинари е да ги актуелизира целите и можностите што се нудат преку иницијативата за Отворено Владино Партнерство и да послужи како темел за формирање на регионална мрежа за учество на граѓанските организации од Пелагонискиот регион во мониторингот и имплементацијата на акцискиот план за Отворено Владино Партнерство 2016-2018.

На првиот семинар  кој се одржа во Хотел Театар преку воведното обраќање на Диоген Хаџи-Коста Милевски, извршен директор на ЦЕРИ-Битола и Д-р Марија Ристевска, извршен директор на ЦИКП-Скопје учесниците се запознаа со целите и причините кои доведоа до реализација на овој проект.

На првиот панел на тема АКЦИОНИОТ ПЛАН ВО МАКЕДОНИЈА:СТРЕМЕЖ ЗА ТРАНСФОРМАЦИСКИ ОБВРСКИ  свое обраќање имаа  Гордана Г. Димитровска – Национален кординатор за ОВП при МИОА и Д-р Марија Ристевска, кординатор на проектот за ОВП, ЦИКП-Скопје.

Преку овој панел учесниците имаа можност да се информираат за процесот на креирање на Акциониот План за ОВП 20162018 и врската меѓу надлежните Владини институции и невладиниот сектор.  Целта на овој панел беше да ги поттикнае присутните претставници на фраѓанските организации да размислуваат како нивните организации може да се вклучат и да го моделираат процесот за тој да опфати повеќе прашања од јавен интерес.

Вториот панел на тема ПРАКТИКИ ЗА КО-СОЗДАВАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СТРАНСТВО го отвори Ќендереса Сулејмани, експерт за Отворена Влада , од ЦИКП-Скопје и даде осврт на процесот на вмрежување на ГО во Македонија,и воспоставување на врската  граѓански сектор – Влада која е клучна за реализација на целите зацртани со ОВП.   На втроиот панел свое обраќање имаше и  Тим Хјуз, генерален менаџер на програмата за ОВП во граѓанската организација  Involve од Обединетото Кралство кој ги пренесе искуствата од својата земја во процесот на креирање на Мрежа на граѓански организации кои го следат процесот на реализирање на преземените активности од иницијативата за Отворено Владино Партнерство.

photos by Viktor Rikaloski 

 THE PROJECT IS FUNDED BY THE EUROPEAN UNION
CEDI – Bitola is solely responsible for the contents of this event. Opinions expressed during the event do not necessarily reflect the views of the European Union.

Share.

Comments are closed.