На 22.02.2017 се одржа  дванаесеттата сесија на ПОЛИТЕА.  Овој пат учесниците имаа несекојдневна можност да ги посетат просториите на Телевизија Орбис –Битола и таму да ја проследат сесијата која имаше наслов Принципи на објективно информирање.

Домаќини предавачи на оваа сесија беа новинарите од информативните емисии на Телевизија Орбис , Методија Куновски, новинар и главен и одговорен уредник , Емилија Сарафска, новинар и Павлина Јовановска, новинар.

На сесијата се проговори за состојбата во македоското новинарство, добри и лоши примери, принципите според кои една вест е објективна и колку и на кој начин новинарите се имуни или не на притисоци од надворешната средина.

Се направи јасна поделба на информациите кои се прикажуваат во Вести од оние во други емисии.  Првите треба да бидат објективни односно ослободени од секакви примеси на сопствено мислење од страна на уредник/презентер, вторите се оние во кои може да се изнесе и сопствен став и коментар. За една вест да е објективна треба да се обработени трите страни , (за ,против и независен експерт ), нешто што се утврди дека не се почитува многу често.

Исто така се разви дискусија за тоа што може да биде вест, доколку не е застапен јавниот интерес, нема ни да биде обработена од новинарите.

На крај стана збор за сензационализмот во новинарството односно фактот дека трагедијата привлекува најмногу гледаност.  Колку еден новинар ќе го користи тој факт останува на неговата совест.

Share.

Comments are closed.