Дванаесетата сесија на ПОЛИТЕА ја реализираа претставниците од Националната агенцијата за Европски образовни програми и мобилност: Анабела Насковска-Петрески и Филип Арсовски. Преку оваа сесија учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност непосредно да се запознаат со бенифитите што ги нудат Европските образовни програми, како за истите да аплицираат и кои се потребните услови и документација за реализирање на успешни апликации.

 Во рамките на сесијата тие спроведоа обука за изработка на Еуропас портфолиото од пет документи: кратка биографија, јазичен пасош, еуропас мобилност, додаток на диплома и додаток на сертификат. Со што на учесниците им го објаснија целиот процес на изработка на дополнителните документи покрај основната Еуропас биографија.

Во вториот дел од сесијата стана збор за програмата Еразмус + и останатите програмии кои преку поддршката на Националната агенцијата за Европски образовни програми и мобилност им стојат на располагање на младите во Македонија за дооформување на нивното образование и можностите за стекнување на практикантско искуство во земјите на Европската Унија.

Исто така стана збор и за начинот на аплицирање и реализација на проекти во рамките на програмите К2 и новата претстојна К3 програма.

Share.

Comments are closed.