fbpx

ЕВРОПСКИ МОДЕЛИ И НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗАСНОВАНИ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

                    Третата обука во рамките на проектот О3 – ЕВРОПСКИ МОДЕЛИ И НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗАСНОВАНИ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНА  ОДГОВОРНОСТ се реализира на 04.06.2016 во Хотел Театар. На обуката учество зедоа 30
учесници од граѓански организации од Пелагонискиот Регион и АЛУМНИ на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.
Петтата сесија во рамките на обуките беше насочена кон ЕВРОПСКИ ИСКУСТВА ОД ПРОЕКТИ ЗАСНОВАНИ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ нивна  ПОДГОТОВКА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА, РЕЗУЛТАТИ. Предавач на оваа сесија беше Нешат Аземовски извршен директор на БИОСФЕРА Битола кој ги сподели соучесниците на обуката  искуствата од имплементација на проектите засновани на принципите на општествена одговорност и социјално претприемништво.
Шестата завршна сесија со наслов О3 – ОД ИДЕЈА ДО КОНКРЕТНА ОПШТЕСТВЕНА ПРОМЕНА  беше посветена на евалуација,рекапитулација и систематизација на стекнатите искуства во рамките на претходните сесии и градење на рамката за понатамошна имплементација на активностите во проектот О3. Предавач на сесијата беше м-р Диоген Хаџи Коста Милевски извршен директор на  ЦЕРИ и координатор на проектот О3. Преку тимска работа учесниците на обуките се вклучија во подготовка на ВОДИЧОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНА одговорност и подготовка за аналитичката фаза при изготвување на проектот кој треба да произлезе како резултат на овие обуки.

Tagged: