fbpx

ДЕНОТ НА МИЛТОН ФРИДМАН 2015

             На 31 Јули 2015 се одбележуваат 103 години од раѓањето на Милтон Фридман. Во чест  на неговата визија и влијанието кое Фридман го имаше врз општеството Фридман Фондацијата   (Friedman Foundation for Educational Choice) во соработка со повеќе институции и организации  ширум светот организира настани во негова чест.
             По четврти пат оваа година Центарот за Европски развој и интеграција во партнерство со Школата за Јавни Политики”Мајка Тереза” го организира овој настан во Битола. Со овој чин ќе   се вброиме во семејството на држави ширум светот кои го чествуваат делото на Фридман во        2015 година.
              Настанот се одржа  во кафе-барот Porta Jazz со почеток во 20:00 часот. Во рамките на  прославата се организира панел дискусија на која свое излагање имаа м-р Диоген Хаџи-Коста   Милевски како претставник на ЦЕРИ Битол кој е организатор на настанот и тој ги запозна            присутните со покровителите на настанот и активностите на организаторот како и со целта со     која се организира овој настан.
          По воведното излагање следеше проекција на кратки филмови преку кои присутните се     запознаа со клучните идеи на Фридман и концептот на образование преку даночно олеснување  кој гарантира слобода и натпревар во сферата на образованието. На панел дискусијата свое      излагање имаше и м-р Милчо Дули Магистер на економски науки од Г.О. Сфера Македонија кој  ги запозна присутните со монетарната теорија на Фридман и неговите теоретски и практични     погледи на економијат,слободата и пазарот. Трет панелист беше Душко Радевски дипломиран   економист и магистрант на Европски студии на универитетот во Краков.Тој ги запозна присутните со значењето и влијанието кое го имаат идеите на Фридман врз политичките системи ширум      светот .