Центарот за европски развој и интеграција распишува конкурс за фотографии за традиционалната изложба  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2017″

НАГРАДЕН ФОНД:

  • Прва награда – најдобра фотографија 2000 ден.KONKURS FINAL 2
  • Втора награда – најдобра фотографија 1500 ден.
  • Трета награда – најдобра фотографија 1000 ден.

– Конкурсот ќе биде отворен до 17.07.2017

– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
– Тема на конкурсот е „ЕВРОПСКИОТ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ ВО БИТОЛА“ . Фотографијата треба да содржи мотив од Битола, за кој што авторот смета дека најдобро го отсликува европскиот стил на живеење во Битола (на фотографијата треба да биде застапен човечки елемент за фотографијата да влезе во конкуренција).
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе направи селекција која фотографија ќе стане дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст.
– Фотографијата да е со минимум резолуција 2000 px. и во „landscape“.
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТАТ НА
Е-МАИЛ: cedi.mk@gmail.com , ДО 17.07.2017  год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2017 .

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.

ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2017“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦАВГУСТ 2017 ВО РАМКИТЕ НА БИТ ФЕСТ 2017 И Е ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

 

Share.

Comments are closed.