На 01 декември 2016-та година се одржа осмата сесија на Политеа насловена како „Еко – активизам – граѓански активизам или борба за живот?“. Оваа сесија е втора сесисија од вториот модул „Граѓанско учество и граѓански активизам.

         Како предавач на оваа сесија имавме можност да го слушнеме Игор Смилев кој е граѓански активист и борец за здрава животна средина. Како претседател на еколошката групација „Грин пауер“ која беше создадена со една единствена цел – да го запре рестартирањето на топилницата во Велес, тој станува дел од Зелената коалиција која ќе ја добие битката против топилницата и ќе го врати животот во Велес.

           Сесијата започна со проследување на дел од филмот „Велес капут“ снимен од страна на членовите на „Грин пауер“ во 2008 година со цел да се обелодени вистината за последиците од триесетгодишното труење на Велес: анемии, малигни заболувања, респираторни заболувања, аномалии кај новороденчињата, висока стапка на смртни случаи на деца, возразни и абортуси. Оваа тажна и ужасна вистина претставена преку филмот ја открива мрачната судбина на Велес.

            Немаше присутен кој не се соживеа со приказната за борбата на Игор Смилев да го врати сјајот на животот во Велес , која траела повеќе од една деценија. Тој заедно со уште неколку ентузијасти започнале тешка битка против властите и бизнисмените за обелоденување на вистината, стопирање на рестартирањето на топилницата и враќање на надежта за живот и подобро утре во Велес. Прогонувањата, заплашувањата, притворувањето, судењето и останатите препреки и предизвици со кои се соочил на патот кон целта не го запреле ниту му ја згаснале жарта и желбата да истрае и да не се покори. Упорноста и длабоко всадените морални вредности го довеле до успехот. Токму тоа и беше нагласено како рецепт за успех.

            На кратката, но ефективна дискусија која се отвори по неговото излагање, беа истакнати реакциите на граѓаните и властите по секој нивни подвиг, а најголем интерес имаше за побараниот совет – како Битола да се спаси од загадувањето со кое се соочува и да го избегне она што му се случуваше на Велес до неодамна

Share.

Comments are closed.