fbpx

ОСМА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Осмата сесија го означи стартот на “вториот семестар“ на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА. За разлика од првиот семестар во кој сесиите беа насочени кон пренесување на теоретски знаења и нивна практична апликација, вториот семестар ќе биде посветен на пренесување на практични искуства и совети кои на учесниците ќе им ги пренесуваат лидери од реалниот и јавниот сектор од сите сфери и профили.

Предавач на осмата сесија беше г-ѓе Фатма Бајрам Аземовска, претседател на ГО СУМНАЛ и директор на центарот за ран детски развој од Битола. Таа со членовите на ПОЛИТЕА ја сподели приказната за создавањето и патот до успехот на СУМНАЛ од сон на група студенти до актер кој игра сериозна улога во оствварувањето на правата на Ромите во Р.Македонија.

Оваа сесија за генерацијата на ПОЛИТЕА 2015-2016 беше можност да се запознаат и со активностите на центарот за ран детски развој во Битола и Скопје и начините нa кој тие делуваат врз промената на општествената свест за позицијата и статусот на Ромите во нашето општество.