Петнаесетата сесија на ПОЛИТЕА го носеше насловот – Продуцентот како тим лидер.  Гостин предавач на сесијата беше Илија Тирицовски извршен продуцент во ОХО продукција и магистрант на универзитетот ЕСРА на отсекот за ПРОДУКЦИЈА НА ФИЛМ, ТЕАТАР, РАДИО И ТВ .

Илија како дел од тимот на ОХО продукција кој стои зад брендот 5+ од самите негови почетоци ги запозна учесниците на ПОЛИТЕА со развојните фази низ кои помина овој проект и на пластичен начин им го опиша процесот на градење на тим кој денес има капацитет да генерира  детски ТВ продукти  кој се своевиден  медиум за комуникација на генерациите.

Преку споделување на својот кариерен развој и секојдневното работно искуство тој на учесниците на ПОЛИТЕА во едно поинакво светло им ја претстави позицијата на продуцентот во процесот на реализација на еден ТВ производ и им постави модел за вештините со кои треба да се стекнат и чекорите кои треба да ги направат  во градењето на успешна кариера.

Share.

Comments are closed.