ИНКЛУЗИВНОСТ И СОРАБОТКА ВО КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ НА ЛОКАЛНО И ЕВРОПСКО НИВО е насловот на петтата сесија на ПОЛИТЕА што се одржа на 10.11.2016 година. Учесниците имаа можност да го проследат предавањето на М-р Ивана Димитровска , директорка на канцеларијата на АЛДА во Скопје.

Во првиот дел од предавањето учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да чујат повеќе за организацијата АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија, која претставува   европска мрежа на повеќе од 250 локални власти и организации од 35 земји во Европа и соседството. АЛДА има своја подружница во Македонија од 2008 година Формално е создадена од Советот на Европа , во 1999 година како европска мрежа од локални самоуправи , невладини организации и агенции за локална демократија  а работи на темите на локална демократија, активно граѓанско учество и добро владеење.

На оваа сесија стана збор за идеалниот модел на вклучување на сите засегнати страни во процесот на креирање на јавни политики и процесот на креирање на стратегии од кои произлегуваат јавните политики.  Суштински аспекти на овој процес е децентрализацијата и доделувањето на повеќе надлежности на локално ниво. Исто така стана збор и за улогата на регионите но и за ситуациите на преклопување на надлежностите и формите на  соработката на различните нивоа на власта.  Беше разгледан и концептот на повеќеслојно владеење и преднотите но и предизвиците кои тој ги носи со себе.

Во делот за дискусија учесниците проговорија за причините поради кои во Македонија и покрај законските можности граѓаните ретко се охрабруваат да се вклучат во процесите на донесување на јавни политики на локално ниво.  Заеднички беше констатирано дека е потребно поголемо запознавање со на граѓаните со моделите на непосредно учество во носењето на одлуките но и поголема заинтересираност од страна на граѓаните за овие процеси суштински да заживеат.

Share.

Comments are closed.