Втората обука во рамките на проектот О3 која се одржа на 29.05.2016 во Хотел Театар беше насочена кон јакнење на капацитетите на учениците за подготовка на  проектни апликации засновани на цели кои произлегуваат од принципите на општествена одговорност.
Предавачи на обуката беа м-р Милена Димитровска и Владимир Величковски, проектни координатори во Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Втоатората обука се состоеше од две сесии при што во првиот дел беа разработени процесите на креирање на логичка рамка,  пополнување на проектна апликација и изработка на буџет, додека вториот дел на обуката, поточно четвртата сесија се состоеше во практична задача и изготвување на логичка рамка за предлог проект  кој за цел има остварување на општествена промена која е во корелација со принципите на општествена одговорност.
Во овој дел преку тимска работа под менторство на обучувачите учесниците креираа три логички рамки за предлог проекти кои ќе бидат развивани во наредниот период ва рамките на активностите на проектот О3

Share.

Comments are closed.