ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН 15.05.2016 – 22.05.2016

Центарот за европски развој и интеграција од Битола објавува повик за учесници во рамките на проектот „О3“ (О-Три) –(Општествено Одговорни Организации).

Проектот има за цел јакнење на капацитетот на граѓанските организациии за поддршка во имплементација на општествено одговорни практики кај малите и средни бизниси во Пелагонискиот регион. На повикот може да аплицираат  претставници на граѓанските организации од Пелагонискиот регион на возраст од 18 до 28 години.

Во рамките на проектот ќе се реализираат три еднодневни сесии преку кои ќе се разработат клучните аспекти на општествена одговорност и можностите за имплементација на проекти базирани  на општествено одговорни практики.

По завршувањето на обуките заинтересираните учесници ќе имаат можност да бидат дел од подготовка на предлог проект кој практично ќе ги имплементира стекнатите знаења.

LOGO GOLD BLUcdr

Заинтересираните кандидати траба да испратат пополнета ПРИЈАВА и CV на меил адреса  cedi.mk@gmail.com со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКИ О3 најдоцна до 22 мај 2016 година.

Лице за контакт Александар Недановски

тел:  075 553 245

Share.

Comments are closed.