fbpx

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ШКОЛАТА ЗА ЛИДЕРСТВО И ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ПОЛИТЕА

%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%b0-%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%be-2016Центарот за европски развој  интеграција објавува повик за учество во третата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА. Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 28 години од подрачјето на Општина Битола.

Школата ќе се реализира во периодот од  15.10.2016 – 15.04.2017 и ќе се состои од четири тематски модули, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа.

Преку учеството во  школата  учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини во областите на:

  • Јавна политика и јавен интерес
  • Граѓански активизам и граѓанско учество
  • Медиуми и јавно информирање
  • Претприемништво и иновaции

Секој од модулите ќе се состои од четири сесии преку кои учесниците  во школата ќе имаат можност да  ги усовршат своите  вештини за:

  • јавно презентирање, застапување и лобирање
  • развивање на проектни апликаци, мапирање и комуникација со засегнати страни и донатори
  • ефикасно користење на маркетинг алатки
  • вовед во изработка на бизнис концепт и бизнис план

Во школата ќе може да земат учество 25 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од истакнати предавачи и експерти од јавиот и приватниот сектор.

Заинтересираните кандидати треба да пополнат и испратат ПРИЈАВА и кратка биографија на адресата cedi.mk@gmail.com  со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 26.09.2016.

По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. Избраните кандидати ќе треба да уплатат партиципација од 400 ден за учество за првиот семестар на школата. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

За сите дополнителни информации контактирајте не на  cedi.mk@gmail.com или на нашата фејсбук страна  https://www.facebook.com/CEDImk/,

 DSC_0939