Со денешната промоција на дипломците на втората генерација успешно заврши школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА реализирана од Центарот за европски развој и интеграција од Битола. Од вкупно 36 кандидати кои ја започнаа школата 32 успешно ги комплетираа 20-те сесии кои се одржаа во периодот од 28.10.2015 до 21.04.2016. Во оваа генерација со свои предавања и искуства учество зедоа 18 истакнати предавачи од различни општествени сфери и профили кои преку 20-те сесии во траење од вкупно 80 школски часови ги споделија своите знаења со учесниците на ПОЛИТЕА и им помогнаа во прпдлабочување на знаењата во областите на :
1. Персонално стратегиско планирање
2. Планирање на кариерниот развој и градењето на визијата за себе
3. Апликативни алатки за планирање и водење на проекти
4. Претприемничка економија
5. Учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки
6. Концептот за човековите права во 21-от век
7. Позицијата и статусот на социјално ранливите категории во општеството
8. Процесот на интегација на Република Македонија во ЕУ
9. Принципи на објективното новинарство
10. Продуцентот како тим лидер
11. Социјални мрежи и интернет маркетинг
12. Менаџирање со интернационален бренд
13. Предизвиците и перспективите на адвокатската професија
14. Телевизијата како бизнисот и каок јавен интерес
Преку интерактивниот дел од сесиите учесниците сво ПОЛИТЕА се стекнаа со вештини за:
1. Подготовка на Еуропас портфолио
2. Личен менаџмент
3. Тимска работа
4. Јавно говорење
5. Анализа на податоци
6. Лобирање и застапување
7. Организациски вештини
8. Ефикасно менаџирање со социјални медиуми
9. Вештини за планирање, спроведување и имплементација на проекти
10. Презентациски вештини;
кои ќе им корстат во нивниот понатамошен кариерен развој и усовршување и во позиционирањето на пазарот на трудот.
Учеснците на ПОЛИТЕА заедно со алумните од првата генерација ја реализираа акцијата Твоето малку е некому многу како дел од Фабриката на Дедо Мраз преку која ја покажаа својата солидарност и општествена одговорност преку прибирање на донации во храна,облека играчки и пари кои беа доставени до социјално загрозените семејства во Битола.

ГАЛЕРИЈА – ДИПЛОМЦИ 2015-2016

Share.

Comments are closed.