Cедуманесетта сесија на ПОЛИТЕA го носеше насловот „Предизвиците на менаџирањето со интернационален бренд“ а гостин предавач на оваа сесија бешеи Бојан Митковски сопственик и извршен директор на Зага продукција и брендот Ultimate-workshop.

Во рамките на сесиајта учесниците на ПОЛИТЕA имаа можност да се запознаете со кариерниот пат на Бојан Митковски и да ја чујат приказната за градењето на брендот Зага како и сето она што е потребно како лична иницијатива за да се успее во еден бизнис.

Еден дел на сесијата беше посветен на предизвиците и ризиците кој ги наметнува технолошкиот развој и потребата од  постојана модернизација и иновативност во продуктите што им се нудат на клиентите со цел да се биде конкурентен на пазарот.

Тема на дискусија беа и предизвиците кои со себе ги носи трансформацијата на еден бренд од локален во регионалин и битните разлики во начинот на носењето на одлуките и градењето на стратегиите за развој.

Бојан ја заокружи сесијата со издвојување на клучните вештини и принципи според кои треба да се раководи секој човек кој се стреми да биде креатор на својот успех.

 

Share.

Comments are closed.