ЗАПOЧНА СЕЛЕКЦИЈАТА НА ФОТОГРАФИИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБАТА СО „ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016“

0

           Денеска во салата на Хотел Театар започна процесот на оценување на фотографиите кои пристигнаа на овогодинешниот конкурс за изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016. Свои фотографии испратија повеќе од 30 автори, а стручното жири во состав Коста Дупчинов, Александар Георгиев и Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе имаат тешка задача од пристигнатите 85 фотографии да селектираат 25 кои ќе бидат дел од овогодинешната изложба.

        За првпат ова година изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ќе се обиде да реализира две комплементарни цели кои се вткаени и во самиот наслов. Прват цел е промоција на убавата страна на Битола, онаа Битола која во себе го носи европскиот дух на живеење, додека втората цел е хуманоста.                    Оваа година за прв пат изложбата ќе има продажен карактер и средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на фотографиите ќе бидат наменети за набавка на опрема за штитениците на домот за деца со оштетен слух и говор Кочо Рацин во Битола.
Изложбата традиционално ќе се реализира во кафе-барот PORTA JAZZ а свеченото отворање ќе биде во првата половина на месец август.

Share.

Comments are closed.