heder

Центарот за европски развој и интеграција објавува ПОВИК за учество на претставници од граѓанските организации од Пелагонискиот регион во дводневен семинар под наслов ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ПРЕКУ ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО.

Главната цел на семинарот е да ги актуелизира целите и можностите што се нудат преку иницијативата за Отворено Владино Партнерство и да послужи како темел за формирање на регионална мрежа за учество на граѓанските организации од Пелагонискиот регион во мониторингот и имплементацијата на акцискиот план за ОВП 2016-2018.

Првата сесија на семинарот ќе се одржи на 03.11.2016 ЧЕТВРТОК со почеток во 10:30 часот во Хотел Театар.

Сите заинтересирани кандидати треба да испрата ПРИЈАВА за учество на нашата елeктронска адреса cedi.mk@gmail.com  најдоцна до СРЕДА 02.11.2016 до 12:00 часот.

При селекцијата на учесниците ќе се водиме од начелото на рамномерна застапеност на претставници од сите општини во регионот.

Патните трошоци во висина на повратен билет со јавен превоз за дестинациите од Пелагонискиот Регион ќе бидат на трошок на организаторот.

 THE PROJECT IS FUNDED BY THE EUROPEAN UNION
CEDI – Bitola is solely responsible for the contents of this event. Opinions expressed during the event do not necessarily reflect the views of the European Union.

Share.

Comments are closed.