fbpx

ШЕСНАЕСЕТTА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Гостин предавач на шеснаесеттата сесија на ПОЛИТЕА беше Предраг Стојковски извршен директор во дигиталната маркетинг агенцијат Nova Solutions. Насловот на сесијата беше „Социјални мрежи и интернет маркетинг“.

Во рамките на оваа сесија учесниците на Политеа имаа можност да се запознаат со кариерниот развој на Предраг и искуствата кои му помогнале да ја стекне позицијата која денеска ја има.

 Исто така учесниците се запознаа со работењето на Nova Solutions и со креативниот процсе кој води до комплетно креирање на еден бренд и неговата промоција. Во своето излагање Предраг се осврна и на начинот на користење на социјалните мрежи во функција на маркетинг на определен производ или компанија.