fbpx

ШЕСТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2016

Шестата сесија на ПОЛИТЕА, последна од првиот модул ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВЕН ИНТЕРЕС го носеше насловот Јавни Финансии во Република Македонија и се одржа на 17.11.2016 година.

Учесниците на оваа сесија имаа можност да бидат дел од интерактивното предавање на Д-р Бранимир Јовановиќ- професор при Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје, економски аналитичар и граѓански активист.

Во оваа сесија беа разгледувани прашања кои се однесуваат на буџетот на Република Македонија, колку изнесува тој, кои ставки ги содржи и дали по својот обем тој е голем или мал.

Неизбежен дел од оваа сесија беше дебатата за јавниот долг, за кој беше констатирано дека изразен статистички не е висок, но дека во себе носи два проблеми и тоа: задолжување кое се врши за непродуктивни расходи и забрзан раст во последните години.

На крај на првиот дел стана збор за феноменот на сиромаштијата и фактот дека даночниот систем кој во моментот го имаме создава поголем товар за сиромашните граѓани и малите фирми, од тој кој го трпат богатите граѓани и  големите компании.

Сесијата заврши со дебатата за фискалната консолидација како решение преку кое со промени во даночниот систем може да се постигне  раст на државата преку оставање на повеќе средства на посиромашните кои имаат повеќе незадоволени потреби, што би водело до раст на економијата и подобрување на животниот стандард за сите граѓани.