Центарот за европски развој и интеграција во соработка со алумните на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА  во периодот 15.06 – 10.07 го организира фото конкурсот со ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016. На конкурсот беа доставени повеќе од 85 фотографии од 27 фотографи, професионалци и аматери.

жири Традиционално веќе четврта година по ред  темата на конкурсот СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е Европскиот стил на живеење во Битла –  Life photography. Од пристигнатите фотографии стручното жири во состав Александар Ѓорѓиев, Коста Дупчинов и м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски   селектираа 27 фотографии од 25 автори кои станаа дел од изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016. На трите најдобри фотографии кои одговорија на зададената тема им беа врачени дипломи. Третото место го освои Наташа Мустафа со својата фотографија „Колачиња за сите“. Второто место и припадна на Марија Темелковска со фотографијата „Love my City“ додека прво место освои Александра Наумовска со фотографијата „The beauty and the street“.

       Изложбата беше свечено отворена на 11.08.2016 во кафе барот PORTA JAZZ и беше поставена до 18.08.2016.  Она што е специфично за овогодинешната изложба е тоа што таа имаше хуманитарен карактер. Сите изложени фотографии беа на продажба а нивната цена изнесуваше 500 денари.

  Преку продажба на фотографиите и прибирање на донации беа собрани средства во висина од 7200 денари. По завршувањето на изложбата со прибраните средства во соработка со Тања Димитриевска – дефектолог во ООУ „Кочо Рацин“ Битола тимот на ЦЕРИ направи избор и набавка на играчки и едукативни материјали кои ќе го збогатат и разубават престој на дечињата кои го посетуваат центарот. Делегација составена од претставници на алумните на двете генерации на ПОЛИТЕА и претставник на ЦЕРИ на 31.08.2016 го посети Заводот за ρехабилитација на деца со оштетен слух, говоρ , глас и дρуги пρоблеми во развојот „ Κочо Ρацин” од Битола и еден ден пред почетокот на школската година ја достави донацијата која со кратки зборови може да се опише како СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА за сите наши деца.

Посебна заслуга за реализацијата на оваа донација има принтинг студио БАБУК кој се погрижи за печатењето на фотографиите и за изработката на промотивните материјали за изложбата. Исто така би сакале да упатиме благодарност до сите хумани луѓе кои ја поддржаа нашата акција и без кои немаше да ја оствариме нашата идеја и цел.

         ИЗЛОЖБА  СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016

Тимот на ЦЕРИ ги поканува сите професионални фотографи и аматери веќе од денес да почнат да го фотографираат европскиот дух и стил на живењење во Битола и спремни да го дочекаат повикот со ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2017.

Share.

Comments are closed.