fbpx

ПРВА СВЕЧЕНА СЕСИЈА НА ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТЕА

Со првата свечена сесија се одбележа почетокот на активностите со третата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.   Школата ќе се реализира во периодот од  13.10.2016 –27.04.2017 и ќе се состои 20 сесии организирани во четири тематски модули,кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа.

Честа да ја отвори првата свечена сесија ја имаше  г-нот Златко Неделковски основач и ментор на академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО од Битола. Како вистински лидер и симбол на позитивните вредности кон кои треба да се стреми секој млад човек,  г-нот Златко црпејќи примери од своето 45 годишно искуство им ги посочи на учесниците на ПОЛИТЕА и присутните гости сите предизвици кои со себе ги носи лидерството но и начинот како да се справат со тие предизвици преку вложување во својата личност.

Со програмата и активностите на школата присутните учесници и гости ги запозна м-р Диоген Хаџи Коста Милевски извршен директор на школата и претседател на ЦЕРИ. Свое излагање на свечената сесија имаше и доц-др Моника Ангелоска Дичовска која во името на органозацоскиот  тим на ПОЛИТЕА ги запозна учесниците со целите на ПОЛИТЕА и вештините со кои ќе имаат можност да се стекнат во претстојните сесии.

Во рамките на свеченото отварање се одржа и проекција на краткиот филм ПОЛИТЕА 2016 кој е колаж на сите активности реализирани во рамките на втората генерација на ПОЛИТЕА. Свеченото орварање се одржа во малата сала на НУ Завод и Музеј Битола а воедно  беше отворена и изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2013-2016 која е селекција на најдобрите фотографии кои учествувале на фото конкурсот  и изложбата со Љубов од Битола во претходните четири изданија од 2013 до 2016 година. Сите љубители на фотографијата имаат можност да ја погледнат изложбата која ќе биде отворена до 20.10.2016. За коктелот и цветните Аранжмани кои го облагородија просторот се погрижи тимот на цвеќарата Кремисимо Витраж