Предавач на сесијта со наслов Психологија на Успехот беше Елена Милошевска , психолог во основното училиште Гоце Делчев од Битола и алумни на првата генерација на школата  ПОЛИТЕА 2014-2015.

Elena Milosevska

Елена Милошевска

Првиот дел од сесијата се однесуваше на мотивацијата и имаше за цел да ги поттикне учесниците да почнат да размислуваат за терминот успех и како тоа се оддразува врз секојдневниот живот и врз целите кои сакаат да ги остварат.

Во своето излагање предавачот се осврна на одликата на успешните личности да го согледуваат неуспехот како мотивација за растење, развивање и учиње и фактот дека  начинот на кој  размислуваваме во еден дел ја преодредува нашата иднината преку дефинирањето на целите во нашите животи

Во вториот дел од сесијата се разви дискусија околу терминот „личен идол“  и каква улога игра тој во животот и развојот на младите, но и за проблемот на отсуство на позитивни модели за младите во наштео општество што делумно е резултат на деградацијата на системот на вредности во изминатиов период.

Целта на оваа сесија беше да ги натера учесниците да направат рефлаексија на начинот на кој тие реагиаат на ситуациите кои се надвор од нивната комфорна зона и како да се справат со стравот од ризикот и неизвесноста на конструктивен начин кој ќе им помогне да напредуваат.

Share.

Comments are closed.