fbpx

ТРЕТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2016

              Третата сесија го означи почетокот на реализација на маодулот ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВЕН ИНТЕРЕС ,првиот од четирите предвидени модули во рамките на третата генерација на ПОЛИТЕА

                Eден од најбитните предуслови за успех е можноста да се согледа  големата слика односно како надворешната околина која не зависи од нашите постапки може да влијае врз поставените цели и на кој начин ќе се справуваме со кризите кои може да бидат очекувани но и неочекуваНИ.
Токму ова учесниците на третата сесија на ПОЛИТЕА која се одржа на 26.10.2016 го констатираа преку примерот за тоа како политичката криза во Македонија влијае врз исполнувањето на зацртаната цел на сите политички фактори , членство во ЕУ а и како состојбата во институциите  на ЕУ влијае врз исполнувањето на споменатата цел. Сесијата носеше наслов  „ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА И НЕЈЗИНИОТ ЕФЕКТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ И ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ НА Р. МАКЕДОНИЈА – МОЖНИ СЦЕНАРИЈА“.

          Преку предавањето на Г-дин Златко Јанковски , заменик раководител на секторот за стратешко планирање и поддршка на процесот на пристапувањево во Секретарјатот за Европски Прашања, учесниците ги согледаа актуелните состојби во Европската Унија кои го забавуваат проширувањето и до каде е Македонија во исполнувањето на своите преземени обврски.  Потоа беше даден осврт на политичката криза во Македонија за која се констатира дека има негативно влијание врз исполнувањето на обврските зададени од ЕУ, генерално врз спроведувањето на јавните политики а и директно или инндиректно врз економијата.

              Првиот дел од сесијата заврши со разгледување на можни сценарија за наредните неколку месеци и дали преку престојните избори ќе се разреши оваа криза.
Во вториот дел учесниците дискутираа за своите ставови на споменатата тема , што Македонија ќе добие а што може да изгуби од евентуално членство, и кои се предизвиците со кој се соочува на овој пат покрај моменталната политичка криза.