Тринаесеттата сесија на ПОЛИТЕА со наслов РАДИОТО КАКО МЕДИУМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ се одржа на 01.03.2017 во Хотел Театар. Гостин предавач на оваа сесија беше м-р Соња Тантарова Груевска – Уредник на УКЛО ФМ и новинар со повеќе од 20 години искуство во радио етерот.

Во првиот дел од сесијата гостинката го сподели своеите искуства и погледи за радио новинарството од своите денови во сега веќе згаснатотиот медиум Радио Битола но и искуствата како уредник во УКЛО ФМ кое е присутно во етерот повеќе од 6 години.

Преку оваа сесија беше направена компаративна анализа со останатите медиуми , пред се со телевизијата и интернет медиумите и беа посочени  позитивни и негативни страни кои радиото ги има во споредба со останатите медиуми.

Се проговори и за професионалноста со која треба да се пристапи во ваквиот вид на новинарство и предиспозициите кои што треба да се поседуваат, а пред се радиски препознатлив глас.  Исто така се направи анализа на различните стилови на радиски емисии и квалификацииите кои се потребни за подготовка на една квалитетна радио емисија.

Во вториот дел од сесијата гостинката сподели корисни совети со учесниците за тоа како правилно да се дадее изјава на медиум,  на што треба да се обрне внимание при подготовката за гостување во медиум и начинот на кој треба да се одговара на новинарските прашања за ефективно пренесување на нашата порака.

Сесијата заврши со дискусија за можноста учесниците на ПОЛИТЕА да организираат своја емисија на УКЛО ФМ.

Share.

Comments are closed.