fbpx

ТРИНАЕСЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Гостин предавач на тринаесеттата сесија на ПОЛИТЕА беше Михајло Димитриевски – ТХЕ МИЧО. Сесијата го носеше насловот „Цртежот како форма на општествена критика“.

Како инзвонреден илустратор на ниво на Македонија и пошироко и лидер во својата професија – БИТОЛЧАНЕЦ со успешна кариера за која доказ се стотиците меѓународни проекти и награди, Тхе Мичо со учесниците на ПОЛИТЕА ги сподели своите искуства за тоа како да се успее во неконвенционалните професии и што всушност претставува креативниот процес на создавање на една илустрација.

Тој на учесниците на ПОЛИТЕА им го опиша начинот на кој цртежот се јавува како форма на општествена критика која преку сатира може да доведе до надминување на стереотипите. Од искуствата кои ги сподели со нив учесниците на ПОЛИТЕА добија јасна слика дека секоја професија со себе носи предизвици чие надминување е можно само со посветеност и многу труд но и љубов кон она што се работи.