fbpx

ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ – ПОЛИТЕА 2015

Учесниците од втората генерација на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА на 26.12.2015 во  рамките на хуманитарниот проект  КУЌАРКАТА И ФАБРИКАТА НА ДЕДО МРАЗ организирани од АРТ АКТ во партнерство со Центарот за европски развој и интеграција го реализираа својот традиционален хуманитарен настан под мотото: „ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ“.

Акцјата за прибирање храна, облека и играчки започне во 11:00 часот пред ФАБРИКАТА НА ДЕДО МРАЗ на Широк Сокак и траеше до 17:00 часот при што беа сбрани повеќе од 200 кг.храна  и донации во пари со кои подоцна беше набавена нерасиплива храна. Собраната храна веднаш беше доставена до претставниците на народната кујна од Битола кои истата ќе ја дистрибуираат до семејствата на кои таа им е најпотребна во овој  период на празници.

Паралелно со прибирањето на храна во рамките на акцијата ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ во ФАБРИКАТА НА ДЕДО МРАЗ учесниците на ПОЛИТЕА  организираа едукативни работилници за изработка на новогодишни честитки и украси преку кои најмладите ќе се поттикнат на хуманост, помагање, споделување и на почитување на вистинските вредности.

Учесниците во работилниците беа  придружувани од Дедо Мраз а во 13:00 часот им се приклучи и Баба Мразица со која изработуваа новогодишни елки од хартија и украси во форма на дедо мраз. Во Периодот од 16:00 до 18:00 се реализира турнирот на PLAISTATION 4 во FIFA`16 по што следеше новогодишното кино со цртани филмови. Од 20:30 до 22:30 учесниците на ПОЛИТЕА и алумните на првата генерација  ја организираа својата хуманитарната новогодишна забава на која секој учесник донираше дополнителни 100 ден. како влезница. Сите собрани средства ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Преку оваа акција учесниците на ПОЛИТЕА покажаа и ја докажаа својата способност за хуманост и несебично вложување во остварување на цели кои се општествено корисни. Акцијата траеше 12:00 часно но на нејзината реализација и претходеа повеќе од 400 часа волонтерска работа во подготовката на фабриката, организација на содржините и активностите. На овој начин преку своето учество во ПОЛИТЕА, опкружени со позитвна тимска атмосфера тие имаа можност продуктивно да го употребат своето слободно време и да создадат позитивна енергија која произлегува од несебичното помагање.

Оваа акција немаше да успее без поддршката на граѓаните на Битола кои и овој пат во голем број ја поддржаа нашата акција и несебично донираа за оние на кои нашето малку им е многу.

Во склопот на акцијата  „ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ“ во ФАБРИКАТА НА ДЕДО МРАЗ голем број дечиња и родители имаа можност да се сликаат со ДЕДО МРАЗ. Вредните сликари на ПОЛИТЕА и дедо мраз ги оставија фотографиите во електронска форма во работната соба на лаптопот на дедо мраз и сите оние кои сакаат може да си понесат стикче, уште еднаш да не посетат во фабриката и да си ги подигнат сликите во периодот од 17:00 до 19:00 на 28 и 29.12.2015.