На 24-ти декември во недела со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хуманитарната акција: ,,Твоето малку, е некому многу“ во организација на учесниците на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА која има за цел прибирање на нерасиплива храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.

Центарот за европски развој и интеграција традиционално по четврти пат ја организира оваа акција во соработка со повеќе партнерски организации кои се вклучени во дистрибуција на прибраната храна до семејствата каде таа е потребна.

Активностите во рамките на акцијата ќе бидат поделени во два дела:

Првиот дел ќе биде наменет за најмладите и ќе трае од 11 до 16 часот. Тој ќе се состои од креативни работилници за изработка на новогодишни честитки, украси и оригами. Во рамките на овој дел ќе имаме и забавен простор во кој дечињата ќе имаат можност да се дружат и забавуваатсо интересни игри. А во 13:00 часот го очекуваме и доаѓањето на Дедо Мраз кој ќе се дружи и забавува со дечињата.

Вториот дел од активностите во рамките на акцијата ќе започне во 20:00 со Ди-џеј сет на Боба Фан, по што ќе следува настап на стенд-ап комичарот Марјан Ѓоргиевски, а за финале на вечерта присутните ќе имаат можност да го проследат настапот на бендот The Road и нивниот електричен перформанс.

Духот на оваа акција е една од целите на школата ПОЛИТЕА, а тоа  е да ја разбудиме хуманоста и солидарностазошто само преку взаемено помагање и подршка можемеда го направимесветот подобро место за сите нас. Затоа Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од оваа наша позитивна приказна.

Акцијата ќе се реализира во НЕДЕЛА на 24.12.2017 во КАФЕ БАР Porta Jazz ул. Кирил и методи бр 11.

Учесниците на ПОЛИТЕА и тимот на Center for European Development and Integrationr ЦЕРИ подготвуваат интересни содржини за сите генерации:

ПРВ БЛОК – 11 :00 – 16:00 – едукативни работилници за деца

– изработка на новогодишни честитки – 11:00 – 13:00
– дружење со дедо мраз и џуџињата – 13:00-14:00
– новогодишно детско кино – 14:00 – 16:00

ВТОР БЛОК – 20:00 – 24:00

– DJ Bobba FUNK – 20.00 – 21.30 Bobban Manevich
– Марјан Ѓорѓиевски – STAND UP COMEDY – 21.30 – 22.30 Marjan Gjorgjievski
– The ROAD – 22.30 – 24.00 The Road – Band

Share.

Comments are closed.