Носечкиот проект на ЦЕРИ во сферата на неформалното образование и поддршка во општествената интеграција на младите – школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА со првата свечена сесија го одбележа почетокот на активностите со втората генерација.

Втората генерација на ПОЛИТЕА ја сочинуваат 36 млади луѓе на возраст од 18 до 26 години. Тие во себе го носат потенцијалот да бидат идни општествени лидери и двигатели на напредокот.

Во рамките на протоколарниот дел свое обраќање имаа доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска – претставник на тимот на ЦЕРИ кој ги запозна присутните со приоритетите и целите на школата, м-р Марија Филиповска – дипломец на првата генерација на ПОЛИТЕА, која со присутните ги сподели искуствата од учеството во првата генерација на ПОЛИТЕА и м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски претседател на ЦЕРИ и извршен директор на ПОЛИТЕА кој ги запозна учесниците на втората генерација на ПОЛИТЕА и присутните гости со планот за реализација и предвидените активности во рамките на школата.

Свечената сесија заврши со скромен коктел во бавчата на Хотел Театар.

Share.

Comments are closed.