fbpx

ВТОРА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2015

На 04.11.2015 се одржa втората сесија на ПОЛИТЕА насловена – Персонално стратегиско планирање-размислување на долги патеки и креирање на “Dream book”. Предавач на оваа сесија беше д-р Моника Ангелоска-Дичовска, доцент на Економски факултет во Прилеп.

Сесијата се состоеше од теоретски и практичен дел. Преку теоретскиот дел учесниците се запознаа со основите и фазите на персоналното стратегиско планирање, како успешните лидери размислуваат на долг рок, кои техники можат да им помогнат во нивниот личен развој и како да креираат сопствена книга на соништата.

Практичниот дел се состоеше од вежба за правење на само анализа и подготовка на план на долги патеки преку избор на лични цели и креативно размислување за нивно остварување.

Целта на оваа сесија беше се разбуди креативноста и мотивацијата кај учениците за поголема самокотрола и преку успешни примери од практиката да го сфатат значењето на стратегиското планирање за нивниот персонален развој.

Photo by Ана Костовска