На 20.10.2016 се одржа втората сесија на ПОЛИТЕА со наслов – ПЕРСОНАЛНО СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ: КАКО ДА ГО ДИЗАЈНИРАТЕ ВАШИОТ УСПЕХ.

Д-р Моника Ангелоска-Дичовска, доцент на Економскиот факултет во Прилеп беше предавач на оваа сесија и ги мотивираше учесниците да размислуваат за сопствениот успех.

Сесијата вклучуваше  два дела,  теоретски и практичен.  Преку теоретскиот дел учесниците се запознаа со основите и чекорите на персоналното стратегиско планирање, слушнаа мотивирачки  примери за персонален успех од најразлични области и се запознаа со алатки за само анализа , креирање на сопствени цели и дизајнирање на сопствена книга на соништа.

Практичниот дел се состоеше од вежба со која учесниците се мотивираа да ги согледаат своите силни  и слаби страни и можностите и заканите кои се наоѓаат во околината, односно SWOT анализата да ја применат на себе за да можат да го согледаат нивниот пат кој ќе ги води кон успехот.

Целта на оваа сесија беше учесниците да се поттикнат да размислуваат позитивно, да согледаат дека секој може да има успешна приказна и да научат да ја создадат својата преку јасно утврдени, писмено запишани лични цели.

Share.

Comments are closed.