ПРИРОДАТА – НАШЕ ЗДРАВЈЕ, НАШЕ БОГАТСТВО

0

            Во периодот од 22-26 ЈУНИ 2015 година, ЕУ Инфо точките на информативната мрежа на делегацијата на ЕУ организираат серија на настани во рамките на Зелената недела на Европската  унија  која оваа година се одржува под  мотото “Природата – наше здравје, наше богатство “.
Овој  настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија, и е во организација на  ЕУ Инфо точката при општина Битола и Општина Битола Настанот се одржа на 24.06.2015 во просториите на НУБ Климент Охридски Битола. Како партнери во реализацијата на едукативниот дел на овој настан се вклучија и граѓанските организации  ЦЕРИ, ЕГТ и Биосфера
                   Во рамките на едукативната работилница  м-р Марија Томевска дел од тимот на ЦЕРИ одржа предавање преку кое ги запозна учесниците на настанот со прцесот на креирање на јавните политики од сферата на екологија во рамките на ЕУ, со предизвиците кои ги носи комплексноста во креирањето на политиките во ЕУ и начините како Македонија и Битола можат да бидат дел од овие процеси.

.

Share.

Comments are closed.