fbpx

Традиционално веќе четврта година по ред  темата на конкурсот СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е Европскиот стил на живеење во Битла –  Life photography. Од пристигнатите фотографии стручното жири во состав Александар Ѓорѓиев, Коста Дупчинов и м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски   селектираа 27 фотографии од 25 автори кои станаа дел од изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2016. На трите најдобри фотографии кои одговорија на зададената тема им беа врачени дипломи. Третото место го освои Наташа Мустафа со својата фотографија „Колачиња за сите“. Второто место и припадна на Марија Темелковска со фотографијата „Love my City“ додека прво место освои Александра Наумовска со фотографијата „The beauty and the street“.

Share.

Comments are closed.