Работилницата во рамките на акцијата ЦВЕТ ПО ЦВЕТ ДО ПОУБАВ СВЕТ се одржа во центарот за ран детски развој Битола во соработа со ЗГ ЕГТ и Сумнал . Учесниците на ПОЛИТЕА заедно со децата од Центарот за ран детски развој изработија повеќе од 100 цветови од рециклирани шишиња кои ќе бидат скромен поклон за сите оние кои ќе бидат дел од хуманитарно едукативна акција на 19.04.2015 чиија цел е запознавање на најмладите со значењето на совесното искористување и заштитата на животната средина и Планетата Земја. Покрај едукативната компонента овој настан има и хуманитарен карактер насочен кон прибирање на потрошни материјали и шолски прибор за децата кои го посетуваат центарот.
Share.